ПРОГРАМА ЗА ЛИДЕРИ – Обука со младите од Југозападниот регион во Куманово
- Adrion
- Jun 16, 2025
- 1 min read

На 19, 20, 26 и 27 април 2025 година, во градот Куманово се одржа четиридневна обука со млади од Југозападниот регион, во рамки на Програмата за Лидери. Оваа програма има за цел да ги зајакне младите преку развивање на лидерски вештини, поттикнување на соработка и активна вклученост во општествениот живот.

На обуката учествуваа 10 средношколци од различни општини од регионот, кои беа вклучени во динамични и интерактивни сесии, обработувајќи теми како што се: ефективна комуникација, меѓусекторска соработка, стратешко планирање и управување со проекти со влијание врз заедницата.

🎯 На крајот од обуката, учесниците ги споделија своите размислувања за стекнатите знаења и презентираа конкретни идеи за нивна примена во сопствените заедници.

Оваа активност е дел од партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање на јавни политики и создавање на поволна средина за граѓанско учество“, кој се спроведува од страна на WWomen Civic Initiative Antico во партнерство со AAdrionи ССекогаш Соживот- Her Zaman Birlikte Yaşamа со поддршка од швајцарската влада преку CCivica Mobilitas

📢 Оваа обука претставува важен чекор кон изградба на нова генерација на ангажирани, свесни и посветени лидери за развој на нивните заедници!


