Отворена дискусија за децата со посебни потреби!
- Adrion
- Jun 16, 2025
- 1 min read

📅 На 04 април 2025 година, во просториите на поранешното Радио Тетово се одржа сесија со тема: „Децата со посебни потреби – предизвици и начини на нивна инклузија во образовниот систем“, организирана од неформалната група Гласната младина, обучена преку нашата програма за лидерство.

На настанот присуствуваа ученици, педагози и социолози кои споделија мислења и искуства за предизвиците со кои се соочуваат децата со попречености во образованието и за потребата од сеопфатна поддршка.

Групата го презентираше истражувачкиот извештај, при што беа истакнати главните наоди, предизвиците и беа предложени конкретни идеи за подобрување на инклузијата.

Работата во групи поттикна креативни и остварливи решенија за еднаква инклузија и одржлива поддршка за овие деца во заедницата.

Сите се согласија дека е време за конкретна акција, зголемена свесност, соработка и јасни политики за поинклузивен систем.

Благодарност до сите учесници за нивната енергија и посветеност!

📌 Оваа активност е дел од партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во креирањето јавни политики и создавањето поволна средина за граѓанско учество“, кој се спроведува од страна на Граѓанска Women Civic Initiative Antico, во соработка со Adrion и Секогаш Соживот- Her Zaman Birlikte Yaşamа , со поддршка од швајцарската влада преку Civica Mobilitas.
#инклузија #образованиезасите #еднаквиправа#децасопосебнипотреби #дискусија #тетово2025


