top of page
449163015_789759363344795_5735818600122746113_n_edited.jpg

ПРОЕКТИ

ПРОЕКТ : “Гласот и учеството на жените и младите во: креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество„

 

Проектот се спроведува од:   Женска граѓанска ницијатива АНТИКО, Скопје( носител на проектот) 

Партнери на проектот:

1. Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

2. Здружение за образование и култура АДРИОН с. Требош, Желино

 

Времетраење на проектот: 34 месеци (1.12.2023 -  30.09.2026)

Буџет на проектот: 13.999.983 ден. вкупен буџет- наменето за спровдување на проектот од страна  носителот  и  двете (2) партнер организации. 

 

Проектот: “Гласот и учеството на жените и младите во: креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество„  е поддржан од: Швајцарската влада преку Цивика мобилитас 

 

 

Општа цел на проектот: Подобрени и проширени простори и можности за граѓански ангажман преку зајакнати и подобро и помасовно организирани (grassroot) ГО на локално ниво, кои овозможуваат инклузивност и поодржливо граѓанско општество кое работи на опипливи програми, врз основа на демократските вредности, човековите права и владеење на правото.

 

Специфичeн цели: 

  • Градење на организациски капацитети, способности и вештини на ГО (grasroot)- поддршка за развојот на граѓанскиот ангажман и влијание врз креирање на јавните политики и учество во донесување на одлуки

  • Зголемување на гласот и капацитетот на младите и жените за активно учество во изградбата на заедницата. 

  • Подобрени можности за жени од помали урбани и рурални средини за активно учество на пазарот на труд и самовработување.

 

Конституенти: Граѓани од целните региони и општини, особено од помали урбани и рурални средини; млади лица, жени и мажи;граѓанските организации; централните и локалните власти и јавните институции; бизниси  етнички и културни групи; групи на корисници на јавни услуги; академски групи и студенти; родители, повозрасни лица; медиуми.

 

Очекувани резултати:

Подобрени внатрешните организациски капацитети – знаења и вештини за управување со граѓански иницијативи; Создаден поголем простор за граѓанско учество; воспоствени механизми за унапредување на соработка со локалните власти  и засегнатите страни; Изградени капацитети на млади лидери/ки на заедницата; Стекнати  теоретските знаења и практични лидерските вештини за граѓански ангажман на младите лидери/ки, Младите лидери/ки ја зголемија гласноста за позитивни промени преку социјални јавни акции во заедницата и воспоствената комуникација со локалните власти;  Зголемен е пристапот на жените до едукација и образование (преку следење професионални повеќемесечни курсеви/обуки за сткнување на вештини). Развиените вештини и компетенции овозможуваат да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да имаат поголеми можности за искористување на владините активни мерки за вработување,Олеснет пристапот на жeните преку информативни настани до микрофинансиските институции и програми за микрокредитирање; Влијание за создавање на поповолно опкружување преку креирани  политики за зголемување на активното учество на жените на пазар на трудот. 

 

Активности

Истражувања – мапирања на почетни состојби; Обуки за  јакнење/ градење на организациски капацитети на локалните  ГО за граѓански ангажман и покренување на граѓански иницијативи; Работилници за јавно застапување и лобирање; Медиумски кампањи за подигнување на јавната свест  и информираност за придобивките на граѓанското учество, волонтерството и економското зајакнување на жените. 

Организирање на јавни настани во заедниците , дебати, тркалезни маси; форуми во заедниците,  настани за воспоставување на дијалог со властите и други засегнати страни и актери; Активности за градење на мрежи и партнерства; Одржување на обуки/работилници за стекнување на лидерски вештини кај младите и спроведување на социјални јавни акции во заедницата; Одржување на професионални курсеви за економско зајакнување на жените  и  воспоставување на дијалог помеѓу жените и властите за создавање овозможувачка околина за развој на женското претприемништво и самовработување. 

 

Проектот „ Гласот и учеството на жените и младите: креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“ се спроведува од Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, Скопје и проектните партнери Здружението „ СЕКОГАШ СОЖИВОТ“-с. Канатларци - Прилеп и ЗОК АДРИОН,  Желино. Проектот е поддржан од Швајцарската влада преку Цивика мобилитас.

 

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш соживот„ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Ш. а. к. „Адриoн“

Е-пошта: aadrion3@gmail.com

Телефон: 070 371 785

  • Facebook

ЧЛЕНСТВО ВО МРЕЖИТЕ

ЛИНКИ НА ПРОЕКТОТ

antiko-logo_3_lang.jpeg
logo (1).png
swiss-agency-for-development-and-cooperation-sdc-vector-logo.png

Оградување/Disclaimer: Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС, НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

©2024 од Ш.А.К. „Аdrion“, Сите права се задржани! 

bottom of page