Граѓанска иницијатива на средношколци: Заеднички дијалог за иднината на образованието”- неформалната група НИМБУС го проби молкот – Младите зборуваат, институциите слушаат!”
- Adrion
- Jun 16, 2025
- 2 min read

Тема„Образованието на раскрсница: Дали ги подготвуваме учениците за иднината?“
Во рамките на проектот : “Гласот и учеството на жените и младите во креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество„ неформалната група НИМБУС основана од средношколци, за времена одржување на обуките на Програмата за млади лидери , организираше импресивна Панел дискусија во Универзитететот на Југоисточна европа во Тетово.

На настанот присуствуваа над 160 учесници, меѓу кои средношколци, студенти, образовни институции, родители, професори, академици и експерти со долгогодишно искуство во образованието.

Во првиот дел на панелот, пет средношколци од три училишта храбро и отворено проговорија за предизвиците и пречките во нивниот образовен процес и какво образование сакаат да имаат.

Во вториот дел, своите ставови ги споделија академици и експерти, кои ја поздравија искреноста и визијата на младите и застанаа рамо до рамо со нив во повикот за промена.
🎙️ Меѓу највпечатливите моменти беше говорот на 5-те панелисти средношколци од неформалната група на НИМБУС и координаторот Ардиан Рамадани, кој по завршувањето на панелот даде изјава за медидиумите и напиша:
„Денес, во срцето на еден изморен систем, се слушна гласот што долго време беше задушен: гласот на ученикот.

Не бевме таму за да кажеме нешто што убаво ќе звучи. Бевме таму за да ја кажеме вистината. И ја кажавме. Гласно. Со факти. Со храброст. Учениците го разобличија изобличувањето на училиштето и образованието, кој се повеќе станува рамка без содржина, диплома без знаење, правило без смисла...”
“…Ова не беше обичен ден. Тоа беше пресвртна точка. Сала во која учениците не читаа есеи — тие зборуваа како граѓани што ја разбираат тежината на иднината што им се ускратува.”

АНТИКО со гордост ја поддржа оваа иницијатива на средношколците заедно со партнер организацијата АДРИОН,– не како уште еден проект, туку како МИСИЈА и потикнување на ВИСТИНСКИОТ МЛАДИНСКИ ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ПРОМЕНИ и подобра иднина за сите!
Програмата за млади лидери е, активност во рамките на проектот: “Гласот и учеството на жените и младите во креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество„ спроведена од Women Civic Initiative Antico и организациите партнери Секогаш соживот и Adrion со финасиска поддрршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in North Macedonia


