КАДЕ СЕ УЧЕНИЦИТЕ ДЕНЕС? – Гласот на младите за подобро образование!

Формалната група на млади Нимбус, обучена во рамките на Програмата за млади лидери во Полошкиот регион, започна значајна иницијатива за подигање на гласот на учениците и поттикнување на реални промени во образованието!

🔍 Прва сесија (15–22 април): Истражување
Се спроведе анкета меѓу учениците за идентификација на проблемите во училиштата: врсничко насилство, недостаток на инклузија, лоша инфраструктура и недоволна поддршка од наставниците.

Втора сесија (22 април – 8 мај): Анализа и платформа
По анализата на податоците, беше подготвен документ со конкретни барања за реформи во образованието, и беше планирана медиумска кампања за подигнување на свеста.

Трета сесија (9 мај): Јавен панел на УТЛС
Учениците дискутираа јавно со родители, наставници и претставници од институциите за проблемите во образовниот систем и потребата од трајни промени.

Четврта сесија (мај–јули): Следење и мониторинг
Се следи спроведувањето на препораките и се подготвува извештај за постигнатите резултати.

🎯 Целта на оваа иницијатива е јакнење на младите, развој на лидерски вештини, и активно учество во општествениот живот.

Младите од Нимбус покажуваат дека промените започнуваат токму од нив!
Овој настан е дел од партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање на јавни политики и создавање поволна средина за граѓанско учество“, кој се спроведува од Граѓанска иницијатива на Women Civic Initiative Antico, во соработка со Adrion и #Секогаш Соживот- Her Zaman Birlikte Yaşamа, со поддршка од швајцарската влада преку Civica Mobilitas.


