ПРОГРАМА ЗА ЛИДЕРИ
- Adrion
- Jun 16, 2025
- 1 min read

Првиот ден од обуката со младите од Полошкиот регион
На 15 февруари 2025 година, во конференциската сала на Хотел Лирак во Тетово, се одржа првиот ден од обуката со младите од Полошкиот регион. Во овој настан учествуваа 10 средношколци од Општина Тетово, како и од општините Теарце и Боговиње.

Првиот ден од обуката беше фокусиран на основите на соработката и комуникациските вештини, преку серија интерактивни сесии:
Отворање и запознавање со учесниците – Обуката започна со претставување на младите, споделување на нивните очекувања и енергизирачка вежба за создавање на соработка.
Вовед во концептот на меѓусекторска соработка – Учесниците дискутираа за значењето и придобивките од соработката меѓу различни сектори, анализирајќи практични примери.

Ефективна комуникација во процесите на соработка – Преку практични вежби, младите научија за градење на односи и користење на ефективни комуникациски алатки.
Презентациски вештини – Учесниците ги развиваа своите презентациски вештини преку практични сесии и конструктивни анализи.
Чувство за еднаквост и праведност – Преку дискусии за практични случаи, учесниците беа вклучени во развивање на инклузивни пристапи за поправедна и порамноправна заедница.

Овој настан е дел од партнерскиот проект "Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање на јавни политики и создавање поволна средина за граѓанско учество," кој го спроведува Women Civic Initiative Antico, во соработка со Adrion и здружението Секогаш Соживот – Her Zaman Birlikte Секогаш Соживот- Her Zaman Birlikte Yaşamа, со поддршка од швајцарската влада преку Civica Mobilitas.
Обуката продолжува во наредните денови со клучни теми за зајакнување на младите и нивно активно вклучување во општеството.
Следете нè за повеќе моменти од нашите обуки!


