ПРОГРАМА ЗА ЛИДЕР – Обука со младите од Југозападниот Регион во Струга
- Adrion
- Jun 16, 2025
- 1 min read

Како можат младите да станат лидери во своите заедници?
На 15, 16, 22 и 23 март 2025 година, во градот Струга се одржа четиридневна обука за младите од Југозападниот Регион во рамките на Програмата за Лидер. Оваа програма има за цел да ги оспособи младите со лидерски вештини, стратегии за соработка и активно вклучување во општеството.

Во обуката учествуваа 10 средношколци од различни општини во регионот, кои преку интерактивни сесии ги развиваа своите вештини за комуникација, меѓусекторска соработка, стратешко планирање и управување со проекти во заедницата.

🎯 На крајот на обуката, учесниците ги споделија своите искуства и стратегиите што планираат да ги применат во своите заедници.

Овој настан е дел од партнерскиот проект "Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање на јавни политики и создавање поволна средина за граѓанско учество", кој се спроведува од Women Civic Initiative Antico, во соработка со Adrion и Секогаш Соживот- Her Zaman Birlikte Yaşamа, со поддршка од швајцарската влада преку Civica Mobilitas.

📢 Оваа обука е значаен чекор кон зајакнување на младите да бидат активни лидери и да придонесат за својата заедница!


