Онлајн Pаботилница „Моќта на Bолонтерството: Bмрежување, создавање можности за интеракција и градење односи“
- Sep 17, 2024
- 1 min read

Здружението за образование и култура Адрион ја организираше онлајн работилницата „Моќта на волонтерството: вмрежување, создавање можности за интеракција и градење односи“.

Денес, 19.08.2024 година, Здружението за образование и култура Адрион го одржа првиот ден од онлајн работилницата на тема „Моќта на волонтерството“.

На оваа активност учествуваа млади од Куманово, Тетово, Струга и Манастир. Работилницата е дел од партнерскиот проект „Глас и учество на жените и младите во: Креирање јавни политики и создавање поволна средина за граѓанско учество“, кој го спроведува Женската граѓанска иницијатива АНТИКО, Скопје, во соработка со Здружението Адрион и други партнери, со поддршка на швајцарската влада преку Цивика мобилитас.

Учесниците се вклучени во дискусии и практични активности за да развијат вештини за вмрежување и да создадат трајни врски.

Во вториот дел од работилницата тие се обврзаа да спроведат активности во нивните заедници, кои ќе ги презентираат на третиот ден од работилницата.


