ОБУКА за Финансиска одржливост на (grassroots) граѓанските организации
- Adrion
- Jun 16, 2025
- 1 min read

АНТИКО во соработка со парнерските организации на 15 и 16 март 2025, органзира обука со цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за одржливо финансирање и зголемување на самостојноста во делувањетo.

Преку интерактивен пристап, учесниците добија алатки и практични знаења за препознавање и користење на различни извори на финансиска поддршка, развој на ефективни пристапи за мобилизација на ресурси, како и планирање на долгорочна финансиска стабилност.

👥 Обуката резултираше со:
🔹Зајакната самодоверба на учесниците за стратешко планирање на финансирањето
🔹 Развиени првични планови за одржливост и идеи за конкретни иницијативи
🔹 Подобра подготвеност за градење партнерства со локални актери и донатори
🔹 Вмрежување и размена на искуства меѓу организации од различни региони и локални заедници на РСМ.
🔹 Обуката го водеше Зоран Стојковски – експерт со долгогодишно искуство во развој на стратегии за финансирање на ГО.

Активност во рамките на проектот : „Гласот и учеството на жените и младите -креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“. спроведуван од Women Civic Initiative Antico и партнерите Секогаш Соживот- Her Zaman Birlikte Yaşamа и Adrion е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas


